});

Десет заеднички карактеристики на среќните луѓе

Често потенцираме дека од нашите навики зависи и квалитетот на нашето живеење. Придржувањето до добрите навики и исфрлањето на лошите може да ни помогне во исполнување на нашите цели, но и постигнување среќа.

Луѓето кои успеваат да го направат тоа имаат неколку заеднички карактеристики:

1. Имаат јасни цели и се одлучни за да ги исполнат. Според нив, ако не знаете каде одите, како ќе знаете дека сте стигнале?

2. Што сакате да постигнете со своите цели? Напишете на лист хартија кој ќе го залепите во својот дом или канцеларија и така полесно ќе останете посветени.

3. Овие луѓе сфаќаат дека не постои совршен живот, но добро е да се прифатат и добрите и лошите денови во животот, но да сфатиме дека најголем дел од промените зависат од нас.

4. Овие луѓе го бараат и често го наоѓаат тоа што е најдобро за нив.

5. Најчесто го прават тоа што го сакаат, бидејќи таквата посветеност им носи среќа која се провлекува во останатите области на нивно живеење.

6. Свесни се дека голем дел од работите во животот бараат борба.

7. Во нивниот фокус не е само губењето на килограмите или слабеењето, туку пред сè нивното здравје и благосостојба.

8. Секогаш ги поместуваат своите граници. Постојано.

9. Благодарни се на нештата кои ги направиле и постигнале, бидејќи сфаќаат дека благодарност го менува светот.

10. Не се сфаќаат себеси пресериозно, се справуваат со негативните емоции и не дозволуваат стресот да ги победи.