Депонијата „Дрисла“ сега ги спушти рампите и за ѓубрето од Сопиште
Проблемот на Скопје со ѓубрето сега се прошири и во општина Сопиште. Надлежните во депонијата „Дрисла“ одбиваат да ги пуштат камионите натоварени со губре собрано од оваа Општина и да го истурат во депонијата. Станува збор за сличен проблем како тој во Скопје и скопските општини.

Како што за Алфа изјави директорот на ЈКП Сопиште Трајче Андреевски, станувало збор за системски проблем, меѓу институциите и дека мора да се има разбирање, секако во интерес на граѓание, а не да се води инает и да се тера политика.

- Мора да се има разбирање. Мора да работиме во интерес на граѓаните. И јас како директор на ова комунално претпријатие, и директорот на „Дрисла“, Алексадар, сите имаме одговорност пред народор, затоа верувам дека ќе се најде заеднички јазик и проблемот ќе биде надминат, рече Андреевски за Алфа.