Ден 16 од кампањата: Сиљановска и Река во Скопје, Пендаровски во Гостивар

Кандидатите за претседател на државата и денеска во рамки на кампањата ќе ги претстават своите изборни програми на средби со граѓани и митинзи.

На 16-от ден од кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Сиљановска Давкова ќе одржи митинзи во скопските општини Аеродром и Гази Баба.

Главниот град на републиката е и во агендата на кандидатот со бројот 1 на гласачкото ливче, Блерим Река.

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ќе биде на митинг во Гостивар. Пендаровски претходно ќе има и средби со граѓаните на Врапчиште, Маврово Ростуша, Центар Жупа, Дебар и на Кичево.

Кампањата ќе трае до 19 април на полноќ по што ќе следи 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.