Ден на Охридско езеро – Урбанизацијата и узурпацијата на брегот останува најголем проблем

И по 23 години од прогласување на 21-ви јуни за ден на езерото,остана само прославата-капацитетите на двете соседни држави кои го делат Охридско,не се доволни за да обезбедат негова заштита и одржливо управување-ценат експертите.Сеуште постојат закани кои што ќе остават долгорочни последици,најгорлив проблем е колекторскиот систем,испуштањето на нетретирани отпадни води,како и нелегалната градба посебно на македонска страна. Дивоградбите се наш национален проблем и треба сами да си го решиме,а не да чекаме некој од стана да ни го бере гајлето-вели ДЕЈАН ПАНОСКИ,еден од иницијаторите за гласување на 21 јуни, за ден на езерото.
- “Сметам и натаму дека треба да се почне со процес на деурбанизација и деузурпација на брегот на Охридското езеро, се она што е узурпирано да се врати назад, се она што е урбанизација како процес да се оддалечи од центарот на градот.Без тие два елементи, деурбанизација и деузурпација не можеме да направиме посериозен напредок, тоа ќе биде забележано во мисиите на Унеско” -вели Паноски.
Санирањето на големите проблеми предвидени со Планот за управување со сливот на Охридското езеро кои ги донесовме пред 2 години а содржат повеќе од 100 мерки како инфраструктирни така и институционални,сеуште чекаат на имплементација,потенцира Паноски.Од 2015-та постои студија за тоа што треба да се направи со колекторскиот систем,но недостасува политичка и финансиска поддршка. За санирање на проблемите кои ги предизвикува застарениот колекторски систем потребни се 15 до 20 години.
- “Испушањето на нетретирани отпадни води доведува до еутрофикација и загадување на Охридското езеро,иако во последните неколку години извршена е рехабилитација на колекторскиот систем, сепак во изминатите 20 години за жал и сега,се издвојуваат минимални сретства од државниот буџет за заштина на еден од најскапоцените екосистеми во Македонија” -вели Ѓоко Зoроски, инженер за животна средина.
Без политичка воља и почитување на науката, нема целосна заштита на езерото.Она што итно треба да се направи е и ревидирање на билатералниот договор меѓу Македонија и Албанија за заштита на езерото потпишан пред 20 години-укажуваат експертите.
Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски