Денес е последниот ден за објавување анкети со статистичка грешка пред „вистинската анкета“ на 21-ви април

Медиумите уште денеска може да објавуваат резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес. 

Според Роковникот на Државната изборна комисија, резултатите од анкетите може да се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на претседателските избори и вонредните локални во три општини, односно рокот истекува денеска на полноќ.

Досегашните објавени анкети покажуваат различни резултати во корист на еден од двајцата кандидати поддржани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Гордана Сиљановка Давкова и Стево Пендаровски, но и стабилни бројки за кандидатот поддржан од БЕСА и Алијанса на Албанците, Блерим Река. По објавувањето на анкетите имаше и обвинувања за нарачки и фингирања, односно манипулирања со бројките бидејќи често предноста за одреден кандидат беше во рамките на статистичката грешка.

Сепак, сите анкетари и аналитичари се сложни во едно: вистинската анкета доаѓа на 21-ви април.