НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска на Уставен суд графата „националност“ во законот за матична евиденција

Уставниот суд на денешната седница расправа за иницијативата за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција. Од таму информираат дека во иницијативата се оспорени три члена од законот, односно зборот националност во изводите, каде покрај основните податоци за раѓање, живеалиште се додава и националноста на новороденчиња, на венчаните и на умрените.

Според досегашната дебата четворица од уставните судии се за да се оспорат членовите во законот, а тројца се против. Бројките од официјалното гласање во следните вести.

Инаку Уставниот суд на седница одржана на почетокот на овој месец со времена мерка го стопира упатството за издавање на лични документи со графата за етничка припадност, што значи дека управата за матични книги нема да издава извод на родени во кој ќе биде впишана графата националност се додека уставниот суд не донесе конечна одлука дали е тоа уставно или не. По донесувањето на оваа одлука, Министерот за правда најави дека ќе донесе ново упатство, без да ја смени содржината, со кое правно ќе ја негира одлуката на Уставниот суд.