Деми Мур отворено и искрено за дрогирањето, љубовта и разводите во својата книга

Глумицата одлучила својот бурен и интересен живот да го раскаже во својата книга која ќе го носи насловот „Iside out”.

Познатата холивудска глумица Деми Мур (56) имаше доста турбулентен и интересен живот, помина низ „боцкав пат“ за да стигне до славата која ја има денес. Стана позната на својата седумнаесетгодишна возраст а позади себе има 3 брака.

Според она што го изјави извршниот уредник на магазинот Харпер, книгата ќе биде преполна со изненадувања и ќе биде доста читана.