Делови од Сопиште и Бутел утре без струја

Од 8:30 до 16:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Добри Дол, Ракотинци, дел од Горно Соње, воените објекти над Општина Сопиште, населба Коштан и другите во околина.

Во периодот од 9 до 12 часот утре без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улицата „Александар Турунџев“, а од 8 до 15:30 часот дел од корисниците од населбата Визбегово, „Њу Стар“, кампот за азиланти, Скендер, пумпа Визбегово, Ефес Трејд во Oпштина Бутел.

Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во главниот град.