Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со средбите во Бундестагот


Делегација на ВМРО-ДПМНЕ денеска се сретна, со германскиот пратеник Гинтер Кривбаум од пратеничката група на „ЦДУ“, и Ралф Бринкхаус член на Комитетот за ЕУ прашања.

„Продолжуваме со нашата агенда и одличните средби во Бундестагот. Разговаравме за актуелната политичка и економска состојба во Македонија, предизвиците со кои се соочуваме како држава и народ, како и потребата за избори, со цел нивното надминување“ – напиша потпретседателот на  ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој во Германија е заедно со пратениците Ели Панова и Миле Лефков. Тие вчера оствариле средба со претседателот на фондацијата “Конрад Аденауер”, професорот Ламерт на која се дискутирало за Македонија, Европската Унија, билатерална соработка со Германија и подготовката на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements