Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на исклучително значаен состанок со Вадефул

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжи со агендата и средбите во Бундестагот.

Како што информира потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски оствариле исклучително значаен состанок со Јохан Вадефул, потпретседател на пратеничката група на ЦДУ во Бундестагот.

-Одлична можност да ги размениме своите ставови и позиции за актуелните состојби во Македонија и Европа но и да се заблагодариме за поддршката и пријателството помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ, објави на Фејсбук Мисајловски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста