Дедо Мраз пристигна во Скопје – дечињата со многу новогодишни желби

Најпосакуваниот дедо со бела брада и црвен костум пристигна во Скопје. Со вреќа полна подароци и список новогодишни желби Дедо Мраз им посака среќна нова година на дечињата кои нетрпеливо го чекаа.

Сите биле послушни цела година, ги слушале тато и мама, па штом падне мрак ќе ги чекаат подароците под новогодишната елка. Пакетчиња, лего коцки, спортска опрема, барбики, се само дел од новогодишните желби.

Куќичките од Винтерленд на градскиот плоштад допринесоа за уште по пријатна празнична атмосфера за скопјани. Градоначалникот Петре Шилегов во друштво на Дедо Мраз испрати честитки за поуспешна година.

Дедо Мраз и ликовите од Дизни филмовите приредија забава на сите деца, а хорот на Златното славејче ја надополни празничната магија.

Ивана Соколовиќ Најдова