Деблокирана комисија: Утврдување кандидати за уставни судии

Три предлози од власта, шест од опозицијата за пополнување на празните столчиња во Уставниот суд. Владејачкото мнозинство го предложи Љубомор Јовевски, актуелниот републички јавен обвинител кој неколку пати во јавноста откри дека нема да ја одбие понудата да стане уставен судија. Власта сака со Јовевски во Уставен да седнат и Фатмјир Скендер, судија во Врховниот суд и Тања Васиќ од Министерството за правда. ВМРО-ДПМНЕ најави шест предлози. Универзитетските професори  Саво Климовски и Родна Живковска, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и екс претседателот на Гостиварскиот суд Бранко Секуловски.

Комисијата за избор и именувања треба да утврди предлог од тројца судии и да го достави до народните избраници, кои ги избираат со просто мнозинство. Комисијата се уште го утврдува начинот на кој ќе ги утврди кандидатите.

Денешната седница на Комисијата, на чиј дневен ред е предлог за тројца судии, е закажана уште во јули и се уште не е завршена. За пратеникот Диме Велковски од редовите на Соцјал-Демократите целта беше да се отпочне процесот за утрдување можни кандидати за уставни судии.

– Би сакал тие да бидат повеќе на број, каде што и власта и опозијата ќе дискутираме на основа на предложенуте кандидати. Не би сакал да менуваме правила на игра – овде е утврдена општа пракса, ќе има повеќе денови расправа, денеска да почнеме со работа, процесот ќе трае, но на никој не може да му се ускрати можноста за дебатирање, јавноста ќе суди, ќе дебатираме, рече Велковски.
Комисијата ќе продолжи по паузата.

За пратениците од опозицијата најдобар начин за избор на уставни судии е да се следи примерот и дебатата, а со тоа начинот би бил потранспарентен. 

– Законското решение тоа не ни го дава, но дајте да се договориме предлозите да ги видиме и луѓето да се претстават кај нас. Има луѓе од фелата кои не сакаат партијата да ги предложи. Дајте рок да ги разгледаме „сивијата“, да ги разгледаме имињата, да направиме дискусија да слушнат и медиумите и на крај да го направиме подостоинствен изборот. Во наш интерес е да ги одредиме правилата на игра, рече Мицевски.

Уставниот суд е во нецелосен состав веќе една година, откако лани, кон крајот на мај мандотот им истече на тројца судии, а во јануари годинава на уште еден. Во моментов, Уставниот суд брои 5 судии, а во полн состав, треба да брои вкупно 9.

Викторија Миткова

Advertisements

Поврзани вести