Дебелите хонорари од вкупно 240 илјади евра се само плус на солидните плати на членовите на Комисијата за историски прашања

Членови на МАНУ, професори на Институтот за национална историја, професори на Институтот за етнологија, антропологија – македонските историчари кои се дел од мешовитата историска Комисија не заработуваат само од надоместокот за договореното со Бугарија. Речиси сите се вработени во државни институции.

Првиот човек на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓорѓиев, кој само за ова инкасирал 80 000 евра во последните три години е член и на МАНУ, во Одделението за општествени науки.

За платите и надоместоците на вработените, членовите, соработниците на МАНУ, државата издвојува во просек по повеќе од 50 000 денари месечно.

Драги Ѓорѓиев зема плата и од Институтот за национална историја, каде се води како в.д директор.

Таму се вработени и други членови на Комисијата како Александар Литовски и Дарко Стојанов кои од Комисијата досега земале по над 20 илјади евра, како и Петар Тодоров кој инкасирал над 35 илјади евра.

Ако се земе предвид тоа што Институтот за национална историја е под закрила на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, може да се каже дека нивната просечна плата изнесува над 45 илјади денари.

Слична сума би земал и Љупчо Ристески, кој е антрополог, односно професор на Институтот за етнологија и антропологија на УКИМ.

Единствен член од Комисијата, кој не е вработен во овие државни институции, но не се знае дали е хонорарно ангажирана во проекти финансирани од државата, е Љубица Спасковска која како дел од историската комисија инкасираше 40 000 евра, а е доцент на универзитетот во Ексетер, Велика Британија.

Некои од членовите на Комисијата се дел и од различни други државни проекти за што добиваат дополнителни надоместоци. Оттука, не може точно да се пресмета колку вкупно заработуваат.

Побаравме став од Владата за што се се ангажирани овие луѓе. Се обративме и со барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, но засега нема одговор.

Алфа претходно објави дека шесте историчари заедно инкасирале 240 000 евра за состаноците со бугарските историчари, кои завршија со договор за античкиот период и средниот век.

Од шест македонски историчари, само на еден експертиза на работење му еантиката и средновековието, Дарко Стојанов. А тоа се темите за кои досега е постигнат договор меѓу Македонија и Бугарија. Од другите никому првична дејност не му е она за што се договориле со бугарските колеги.

Петар Тодоров го работи османско – турскиот период, Александар Литовски се занимава со навата и најнова историја меѓу 1941 и 91-ва година. Љупчо Ристески се занимава со антропологија. Антиката и Средниот век не се експертиза ниту на првиот човек на Комисијата, академик Драги Ѓоргиев. Османлискиот период е неговата главна дејност.

Адријана Алексиеска