Двојни избори напролет? Власта се уште калкулира!

Владејачките партии се уште калкулираат дали со редовните претседателски да распишат и предвремени парламентарни избори.
За ова се размислува во СДСМ, но конечната одлука ќе ја донесе највисокото партиско тело, брифираат извори од партијата. Премиерот веќе рече оти во игра се и двете опции.
Во ДУИ пак велат дека тие не се за парламетарни избори, но би ги поддржале доколку така одлучи СДСМ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за предвремени парламентарни заедно со претседателски кое го испорача веднаш по изгласувањето на уставните измени со кои, како што рече, целсоно се погази волјата на граѓаните.
И Алијансата на Албанците повеќе пати побара изборно соочување.За предвремени извори се и од БЕСА, велат што е можно побрзо, толку подобро.
Во ДИК велат дека тие се подготвени за евентуални двојни избори.
Претседателските избори треба да бидат распишани до 3 февруари, а најверојатно би се одржале на 21 април и на 5 мај. Евентуалните предвремени парламентарни би биле заедно со вториот круг од претседатеслките.

Мери Ѓорѓиевска