Две службенички во охридскиот Основен суд, по 10 години, добија правда од Европскиот суд во Стразбур

Неправедно отпуштени од работа судски службеници после 10 години успеаа да се изборат за вистината и да ја докажат правдата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.Претходно високите судови во Македонија какобитолска Апелација и Врховниот суд,пресудвале во корист на охридскиот Основен суд.  Наместо да делат правда,несудените  судијки Соња Талевска и Татјана Трпческа раскажуваат како останале без работа. Се започнало во 2011-та година кога се јавиле на конкурсот за вработување на судски службеници во Основнот суд во Охрид и на 22 декември истата година добиле правослилно решение за вработување,за набрзо потоа  без никакаво обаразложение да добијат отказ.

Меѓутоа од нејасни причини тајно бевме одјавени,без тие решенија да се стават вон сила,без да се даде некој отказ,значи сосема тајно.Зошто е одлучено само нашите решенија на незаконит начин да се оспорат, причините мене и ден денес не ми се јасни рече Соња Талевска:.

Одлучни правдата да ја бараат до крај,откако ги исцрпиле сите правни процедури што им биле на располагање,одлучиле за случајот да го запознаат Европскиот суд за човекови права кој донел пресуда во нивна корист. Ова го наметнува прашањето каква порака праќаме како државаако на луѓе од правната и судска фела им се случува да бараат правда повеќе од една деценија? Ова не е пријатно нити за граѓаните на Македонија, нити за државата, вели Талевска.

  • Од самото извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права и од самото правораздавање во нашиот домашен систем, се гледа меѓународниот углед на нашата држава и правниот кредибилитет рече Соња Талевска.

Во последниов подолг период граѓаните не се задоволни од начинот на кој се дели правдата.Голем дел од тие проблеми кои до сега се  заташкуваа или никој не одговараше за нив ќе мора сите институции поодговорно да се однесуваат вели Ристо Новакоски-адвокат.

Се поголем број граѓани обесправени се одлучуваат правдата да ја бараат во Стразбур, вели Нивакоски, без да знаат дека патот до Стразбур е долг а на европско ниво пресуда побиваат само 2 % од 60.000 предмети кои годишни ги добива  Европскиот суд на човекови права. За двете правнички од Охрид со пресудата од Стразбур која ја чекале 6 години, ништо не е завршено,доколку државата не исполни се што стои во пресудата, ќе реагираат до Советот на Европа.

Росица Голабоска

Поврзани вести