Две во едно, Македонија ќе стане Северна но и двојазична на официјалните табли

Република Северна Македонија, РЕПУБЛИКА Е МАЌЕДОНИСЕ ВЕРИОРЕ – две во едно – државните институции во исто време ќе станат и северни и двојазични.

Сите министерства и државни институции, ќе треба да извршат промена на имињата кои ќе бидат испишани на македонски и албански јазик.

  • Во согласност со законот за употребата на јазиците, се ќе биде, кажав усогласено со законот за употреба на јазиците.
  • Тоа значи дека имињата на институциите ќе бидат напишани на македонски и на албански ?
  • Дa, на државно ниво. Значи со утврдената динамика и во согласност со големината, обемот и оперативното работење ќе се тргне веднаш. Значи со овие работи што ги наброја ќе се тргне веднаш, немаме рок- рокот е за 7 дена за стапување на сила –значи тргнуваме веднаш во промена, вели портпаролот.

Сите табли на граничните премини ќе станат северни – на оние пак каде што има 20 отсто албанско население ќе бидат и двојазични. Објаснувањето е дека граничните премини иако се државни, сепак во иднина ќе се водат под општинската власт.

Ќе се менуваат имињата на полицијата, армијата, нивните униформи, назнаки и се влегува во категоријата со која се започнува веднаш од стапувањето на сила на Преспанскиот Договор. Се формира меѓуресорска група која ќе работи во рамките на Генералниот секретаријат на Владата и таа ќе биде задолжена за имплементацијата на Спогодбата од Преспа. Засега не се знаеле имињата на експертите кои ќе ја сочинуваат.

За тоа дали трошоците за промена на личните документи и таблиците на возилата ќе паднат на товар на граѓаните или државата ќе одвои средства за оваа намена, Бошњаковски рече дека замената на пасошите ќе била редовна и на товар на граѓаните.

За единствената институција која јавно проговори дека ќе се бори да си го зачува името, МАНУ, Владата без прецизен одговор. Претседателот на академијата Таки Фити пред некој месец кажа дека ќе ангажирале правни експерти во обид да го сочуваат старото име.