Двесте хектари во битолско Егри уништени од град

Вчера во послепладневните часови, градоносен облак зафати над двесте хектари плодни ниви во атарот на битолското село Егри. Нанесени се огромни штети на повеќе култури- домати, пипер, бостан, пченка, јачмен и пченица. Жителите на ова село кои живеат од земјоделие, велат дека не паметат вакво невреме, кое за 40 минути им ја уништи летнината.

– Вчера што не фати ова невреме е оштетно две третини од полето. И тоа е оштетено со голема штета, преку седумдесет, осумдесет па дури и сто отсто. Зависи од културите, кај пиперот е целосно, бостанот исто, кај пченицата има 60 до 70 %, кај јачменот 90%- рече Славе Стефановски.
– Не фати голема несреќа и с`е искрши- пиперот, пченките, сончогледот. Врнеше едно 45 минути град, ама голем. Значи, невидено досега – рече Манувиле Ристевски.
– Секаде има фатено на половина поле, спрема атарот на Кременица, на Егри. Штети има направено со бостан, пиер. пченка, јачмен. Па и домати и пиерки што се садени, кај нив исто голема е штетата – рече Благоја Јовановски.

По денешниот увид од општинските советници од битолската општина, Комисијата за процена на штети од елементарни непогоди, ќе упати јавен повик до земјоделците да ги пријават штетите до петок, а од идната недела ќе излезат на терен да извршат проценка. Од Сојузот на земјоделците велат дека вчера градот во пелагонија направил штета и во новочакиот дел кај с. Гнеотино и апелрираат до општинските комиси да извршат проценка на штетите.

Петар Стефановски