Два автобуси со прилепски работници, се судриле во разминување, има и повредени!

    Рано утринава, нешто пред 6 часот, два автобуси од кои, едниот бил празен, а додека другиот најверојатно превезувал текстилни работници, се судриле во разминување, по што едниот автобус удрил во блиската бандера, од што целосно е оштетено ветробранското стакло, а има и други оштетувања. За среќа, жртви нема, но дваесетина патници префрлени се во Градската болница каде им е укажана соодветна лекарска помош. Сите пациенти се надвор од животна опасност.

   „Од овие 20 пациенти, осум се на Максило-фацијална хирургија каде што се извршени мали интревенции, неколку пациенти се на Ортподеија и на Хируршкото одделение. Седум пациенти се уште чекаат резултати од рентген снимките и една пациентка има повреди на череп и е задржана заради опсервација и следење на најзината состојба“, – изјави Кети Смилеска, директор на Општа болница, Прилеп.

   Сообраќајката која се случила пред црквата „Св. Петка“, во прилепската населба „Точила“, ја  потврдија и од СВР Битола, од каде велат дека причините дополнително ќе се утврдуваат.

  Инаку, неофицијално, според очевидци, наводно до сообраќајката дошло бидејќи му се слошило на еден од возачите на автобусите.

                                                                                             Каролина Дурло