Двајца полицајци завршија во болница откако биле нападнати од поголема група граѓани во Шуто Оризари- МВР со детали

ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА

Двајца полицајци завршиле во болница откако биле нападнати од поголема група на граѓани. Како што информираат од МВР нападнати биле три лица, од кои двајца полициски службеници, а било пријавено дека тројцата внеле женско лице во комбе.

-Денеска, 28.01.2019 околу 17.20 часот на ул. Индира Ганди во Шуто Оризари малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Таа тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од ПС Чаир, кои не биле на работа. Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување на лекарска помош. До овој момент нема пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.