Двајца од тројцата инженери од Чернобил кои спречија поголема катастрофа се уште се живи- серијата е полна со невистини

Не сум никаков херој.Тоа ми беше работа. Да не го направев тоа ќе ми дадеа отказ. Како ќе најдев работа после тоа, ова го вели Олексиљ Ананенко еден од инжинерите кои веднаш по експлозијата во Чернобил влегол во подземниот тунел под оштетениот рекатор за да го отвори вентилот за одвод.

Како што работниците испумпувале големи количини вода под реакторот се направил голем базен. Со натрупување на песок и олово огнот не се гаснел туку се претворала во лава која може да предизвика термална експлозија која би ги уништила и другите реактори и би значела смрт за 30 милиони луѓе.

-Некој мораше да испушти вода од базените и тоа рачно. Не е вистина дека нуркачите настрадаа, сите преживеаа.Еден умре во инфаркт во 2005 година. Серијата е полна со невистини. Ние не се јавивме добороволно туку бевме на смена. Никој не не праша ниту пак ни нудеше парична награда – раскажува Ананенко.

И другиот инжинер Олексиј Бреус е жив и здрав и бил сведок на случувањата во нуклеарката. Тој по многу години го посети Чернобил за прв пат.

-Катасторфата е опишана моќно во која страдаа многу луѓе. И емоциите се опишани прецизно.Меѓутоа технолошките аспекти не се реални, но тоа не мора да биде лага туку фикција – смета Бреус.

И двајцата работници денеска живеат во Киев и имаат пензија од околу 370 евра.