Да ја заборавиме историјата: За да не ги нервираме и навредиме Бугарите, уметниците да творат позитивно

Уметниците слободно нека творат, но позитивно, да не ја нервираат Бугарија. Оваа порака стигнува од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. За Гласот на Америка, вели дека уметниците дека требало да се творат нешто што ќе ги расположи народот и публиката, инаку нема да стигнат до државните финансии.

-Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња кадешто навистина не видовме ништо добро. Сепак, мораме да бидеме свесни дека мора да одиме напред. Мора да се ослободиме. Историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор, туку да ни биде лекција, изјави Костадиновска Стојчевска.

Ваквата изјава на министерката предизвика бурни реакции кај уметниците. Меѓу оние кои реагираа се пистелите Петар Андоновски и Оливера Ќорвезироска и актерката Јелена Жугиќ

-Министерке, книжевноста треба да е форма на отпор, нејзината улога е да критикува, да провоцира, а не да служи за забава, вели Андоновски.

-Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката“ – министерка за култура, 21 век. Творам, значи расположувам народ, смета Ќорвезировска.

-Бисера ти си срам за македонската култура! Е*ати европската иднина!, напиша Жугиќ.

Ваквата порака доаѓа откако за Илинден во Крушево, беа изоставени Делчев и фашистичкиот окупатор во песната „Во борба“. Токму деловите од песната проблематични за официјални Софија.

-Во борба, во борба, во борба, македонски народе. За света народна слобода со песни и радост се мрее. Синови сме на нашата татковина, на илинденските наследници, строиме живот, слобода, иднина, за жени, деца, старци, младинци, беше делот кој беше испеан.

Од оригинална песна напишана во збирката на Кочо Рацин, која беше посмртно објавена, откако е пронајдена во неговата ташна, изоставени се партизаните од НОБ, кои се борат над главите им се вее знамето на Гоце. Она што загрижува покрај попустливоста на македонските власти, е што речиси никогаш не се реагира на бугарските провокации, кои се доста чести.

Матеја Петровски

Поврзани вести