Дачиќ: Продолжува антисрпската хистерија во Хрватска

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, коментирајќи го вчерашниот протест во Вуковар, денеска изјави дека „очигледно во Хрватска постои притисок и голема експанзија на десничарските партии“ и додаде дека тоа се пренесува и на српско-хрватските односи.

– Со тоа продолжува антисрпската хистерија која постои, рече Дачиќ, додавајќи дека не знае на кого се жалат тие кои протестираат.

Тој истакна дека Србија го санкционирала и ќе го санкционира секој кој направил воено злосторство.

– Сите треба да бидат свесни за злосторствата што ги направиле. Ако некој направил воено злосторство треба да одговара, нема сомнеж за тоа, порача Дачиќ.

Неколку илјади граѓани од повеќе градови од Босна и Херцеговина вчера протестираа во Вуковар поради непроцесуирање на делата за воени злосторства.

На протестот, кој започна со интонирање на хрватската химна, присуствуваа сегашни и поранешни функционери и членови на ХДЗ.

Градоначалникот на Вуковар, Иван Пенава, кој и покрај противењето на премиерот Андреј Пленковиќ, го организираше протестот, рече дека граѓаните се собрале во Вуковар за да кажат „доста е“.