Дамева поднесе тужба до Управен, но и кривична до ОЈО Скопје за начинот на кој беше разрешена

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, поднесе тужба до Управниот суд за начинот на кој беше разрешена од функцијата, а до Основното јавно обвинителство Скопје доставила и кривична пријава. Со тужбата до Управен таа ја оспорува законитоста на одлуката за нејзино разрешување.

Во писмената изјава тврди дека тужбата и кривичната пријава ги поднела поради владеење на правото, и дека незаконитост треба да се испита и утврди во постапка и на начин согласно со закон.

Нејзиното разрешување крена исто толку прашина колку и нејзиното назначување на крајот од минатата година откако тогашната претседателка Црвенковска си даде неоповиклива оставка. За член на Судскиот совет е избрана од Собранието во  2019, а ја предложи претседателот Пендаровски. Претходно со години и беше стручен соработник  на судијката Добрила Кацарска во Кривичниот суд, а истовремено и член на правната комисија на СДСМ. Откако стана шефица на Судскиот совет, фелата и јавноста критикуваа како Дамева без ниту еден ден судиски стаж ќе одлучува за сите судии во Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста