Дали Хазби Лика го губи вицепремиерското место во владата на Заев?!

Вицепремиерот Хазби Лика која е задолжен за имплементација на рамковниот договор е оставен без никакви задолженија во одбележувањето 110 години од албанската азбука. Владата одлучила, а Собранието утврдил буџет, оваа година носител на одбележувањето да биде Секретаријатот за Европски прашања.

На прашањето каде е Хазби Лика и дали воопшто е вклучен во организацијата, вицепремиерот Бујар Османи одговара дека му била испратена покана – сепак не е сигурен дали ќе присуствува.
– Сметавме дека во Рамки на тој политички контекст, на таа историска одлука и на таа конзистентност во прозападната ориентација на нашата држава на нашите граѓани , нешто кое не спојува и е кохезивен фактор на сите етнички заедници во државата, а тоа е таа прозападна ориентација, сметавме дека Секретаријатот за Европски прашања ќе даде таков дух.
Да, поканет е, мислам дека ќе присуствува – вели Бујар Османи.

Хазби Лика оваа година не присуствуваше ниту на церемонијата 17 години од потпишување на Рамковниот договор. Тогаш неофицијално се шпекулираше дека бил лут на лидерот на ДУИ Али Ахмети, затоа што организацијата по повод годишнината ја организирал вицепремиерот Бујар Османи, а не како изминатите 16 години – секретаријатот за рамковен кој сега е во рацете на Лика.

Овие денови голем дел од медиумите објавуваа дека изминатиот период Лика воопшто и не доаѓал на работа. Но тоа не го спречи овој месец да добие плата. На официјалниот сајт на Владата на Р.М. денеска е објавено дека Хазби Лика како заменик на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем , за месец октомври земал 76.340,00 денари плата.
Во меѓувреме се шпекулира дека идната недела Владата ја очекува мини реконструкција , а на празното столче на Лика ќе седне друг министер.

Лепа Џундева