Дали францускиот предлог ќе ни ги избрише „Бисер балкански“ и култната „Бушава азбука“?!

Дали можеби една од најубавите македонски народни песни ќе ни биде забранета, поради францускиот предлог? Дали можеби Бугарија ќе ја смета за говор на омраза и територијална претензија кон нив. Причината…

-Сплоти Пирин, Егеј син, со бистри води вардарски, вели еден од стиховите од оваа народна песна.

Согласно новата еднострана изјава на МНР, македонскиот јазик се простира само на територијата на сегашната држава Македонија, па се поставува прашањето дали можеби ќе ни бидат забранети и бришени епизоди од Бушава азбука, со која пораснаа многу Македонци бидејќи таму се споменува македонскиот дијалект во Пиринска Македонија.

-Разлошки говори, Пиринска Македонија…Убавија… Неврокопско, Пиринска Македонија… Убавина…, се објаснува во една од епизодите од оваа култна серија.

Во Бушавата азбука учевме дека постоел и дијалект на македонскиот јазик во Егејска Македонија, дали и оваа епизода можеби ќе заврши во забранетите епизоди, бидејќи според оваа декларација, тие дијалекти за власта не постојат.

-Тремно, Егејска Македонија… Дјау… Мегленски говори, Егејска Македонија… Ѓавал…, се објаснува во друга епизода.

Реципрочноста е она што Македонија го нема ниту во договорот со Грција, а ниту во оној со Бугарија. Па се поставува прашањето дали можеби и ние ќе реагираме на говорот на омраза од Бугарија и тоа преку копирани македонски песни.

-Каде и да одиш, каде и шеташ не се срами, не се плаши Бугарин да си, каде и да одиш, каде и шеташ не се срами не се плаши Бугарин да си, се пее во стиховите од песната на Глорија.

Во таа копија од македонска песна, има јасна територијална претензија кон Македонија.

– Една вера имаме еден живот живееме, Бугарија цела да е, секој да ја знае… Ако некој рече Бугарија е мала, има уште осум дела за да биде цела, се пее во другите стихови од песната на Глорија.

Останува да видиме дали власта ќе дозволи Македонија да биде онаа која повторно ќе прави отстапки или пак можеби конечно и некој од соседите ќе направи отстапки за задоволување на некое македонско барање.

Матеја Петровски

Поврзани вести