Дали судењето на Tрамп ќе биде јавно?
Телевизиското судење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп веројатно ќе привлече огромен интерес.
Но, бидејќи камерите се забранети во федералните судници, само преку цртежи може да се видат неодамнешните појавувања во Вашингтон и Мајами.
Промената на правилата против телевизиските постапки би била сложен процес, но неколку демократски пратеници, па дури и адвокатот на Трамп, Џон Лауро, тврдат дека камерите во судот ќе ја подобрат транспарентноста.
Спротивно на тоа, некои, вклучително и уредувачкиот одбор на „The Wall Street Journal“, се загрижени дека присуството на камери може негативно да влијае на судските постапки. Поранешниот федерален обвинител Марк Мек-Дугал се согласува.
„Мислам дека навистина е прашање на ефект што го има врз учесниците во судењето, судиите, адвокатите, сведоците и така натаму...“, рече Марк Мекдугал, поранешен федерален обвинител.
Други тврдат дека во високополаризираната политика на Америка, каде што дури и основните факти се предмет на дебата, изворот на камерата може да биде критичен за одговорноста, вели политичкиот аналитичар Калвин Дарк.
„Доколку нема камери во судницата, она за што судиите придонесуваат е можноста за дезинформации или некој што е во судницата погрешно да се прикажува или вади од контекст што всушност и се случува“, вели Калвин Дарк, политички аналитичар.
Трамп ќе биде претседателски кандидат кога ќе му се суди. Политикологот Дин Лејси вели дека е тешко да се предвиди како телевизиските постапки ќе влијаат на неговата популарност.
„Тој би можел да ги придобие своите поддржувачи и да добие бесплатно време за емитување среде првичните избори. Тоа, пак, може да биде и негативно за него – да се инкриминира. Може да заврши и со губење на репутацијата меѓу независните, а можеби и меѓу некои од неговите поддржувачи“, рече политикологот Дин Лејси.
Скоро сите американски држави дозволуваат камери во нивните судници. Имаше случаи од висок профил како што е судењето на Симпсон под обвинение за убиство, или пресудата за убиство на полицаецот Дерек Шовин за смртта на Џорџ Флојд кое беше емитувано во живо.
Во новото обвинение против Доналд Трамп за обвиненија поврзани со изборите во Џорџија, ќе бидат дозволени камери во судниците но со дискреција на судиите.
Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон