Дали со уставните измени ќе изградиме ѕид со Македонците од дијаспората?

Влегува ли владата во опасна семантичка стапица или игра на зборорви со подготовката на амандманите во делот на Македонците во странство, но и гаранцијата на границата….Во објавениот предлог за изменување на Уставот, Владата прифаќа менување на токму на членовите 3 и 49, оние во кои Грција гледа иредентизам, дури и по цена на откажување од македонското малцинство.

Согласно Договорот, Република Македонија и Грција се обврзаа ниту една одредба од Уставот, да не може или не треба да се толкува на начин кој претставува или кога било ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на другата држава, во каква било форма или заради каква било причина, вклучително и заради заштитата на статусот и првата на кои било лица кои не се нејзини граѓани, стои во предлогот за измена на Уставот доставен до Парламентот.

Ваквата формулација… во каква било форма или заради каква било причина.. го вклучува и алармот кај уставните експертите кои ги консултиравме, а кои велат дека суверените права на другите држави и нивните внатрешни работи можат да бидат пречка за наша непречена соработка и одржување на блиски односи со нашите сонародници во странство. Практично со овој амандман Македонија гради ѕид меѓу нашите сонародници бидејќи во секое време поради која било причина Бугарија, или Грција можат да ни забранат да се грижиме за нивните културни, социјални и други права, оценуваат професорите по уставно право.

Со измените во Уставот се брише македонското малцинство и тие не смеат да се реализираат, смета историчарот Ицо Најдоски –Перин во гостување на Алфа. Оваа влада не доби мандат од народот да спроведува ваква самоубиствена политика, смета Најдоски.

Но по барање на Грција уште во 1992-ра со измена на Амандманот 2 од Уставот е регулирано дека Републиката нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Заев и Ципрас си пружија рака во Нивици, ама таквата пријателска атмосфера носи бришење на референцата „да се заштитуваат македонските малцинства“, а делот за истородноста се услогласува аналогно со грчкиот устав. Но не само со Договорот со Грција, Заев се спогоди и со Борисов околу македонското малцинство.

Ивана Соколовиќ Најдова