Дали се крои измена на Законот за високо образование за ректорите да станат незаменливи ?!

На повидок нов скандал во виското образование. Порталот директно.мк отовора сомнеж дека се крои измена на Законот за високо образование за ректорите да станат незаменливи и да им се продолжи мандатот.

Имено во Министерството за образование и наука формирана била  работна група за измена на Законот за високо образование. Суштината не била ставена на подобрување на квалитетот, туку на измена во делот за мандатот на ректорот. Се работи за укинување на ограничувањето од најмногу два мандати, како и продолжување на мандатот за плус една година на ректор кој е избран за мандатен период од три години согласно постоечкиот закон.

Според медиумот ваквиот начин на продолжување на мандат на некој кој што конкурирал за функција со програма за тригодишен мандат, а сега му се додава уште една, е манипулација со професорите кои ректорот го гласале со програма за работа за три години. За актуелниот ректор на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Проф. Д-Р Никола Јанкуловски тоа би значело продолжување на својата работа ретроактивно уште една година доколку тоа се дозволи со измена на законот. Според медиумот,  на факултетите на УКИМ немало воопшто расправа и дискусија за постоечките измени.

Advertisements

Поврзани вести