Дали власта повторно најавува инциденти утре кога Францускиот предлог е во Собрание?

Дали власта повторно прејудицира инциденти во врска со протестите: Претходно, неколку пати Ковачевски и Османи најавуваа немири – Денеска повторно, овој пат од министерот Оливер Спасовски… Порачува дека полицијата целосно ќе ја обезбедела безбедноста на пратениците и законодавниот дом во текот на утрешниот ден, работа што секако е обврска на МВР. Но прашањето е зошто ова треба да се нагласува? Што знае Спасовски што граѓаните не разбираат?  Оваа изјава доаѓа по само два дена откако министерот протестите ги спореди со настаните од 27-ми април.

МВР ги прави потребните анализи, ги собира потребните податоци и информации, како што потенцираше, во однос на можните случувања коишто би биле во текот на одржувањето на седницата рече Спасовски.

Демонстрантите и јавноста имаат дилема: дали можеби инцидентите ги планира тој што ги најавува?

Во меѓувреме, МВР уапси уште две лица од учесниците во протестите изминатите денови 18 и 32 – годишни скопјани, а  дел од пиштолџиите  кај плоштадот Скендербег остануваат неоткриени. Веќе е познато дека Цуфи Кока, кој пукаше во воздух доби осумдневен притвор. Со вториот пак бил извршен службен разговор на седми јули, при што било поднесено известување до ОЈО, но за него нема притвор ниту се одредени други мерки за претпазливост.

„Преземаме мерки за целосно идентификување и собирање на материјални докази за документираше на кривичното дело“ е одговорот на прашањето на Алфа до каде е постапката против оние кои беа снимени со огнено оружје.

И додека чекаме разврска во врска со носителите на огнено оружје, МВР е брзо во апсењето и собирањето докази за поддржувачите на протестите. Против приведените скопјани  е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено  кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик.

Викторија Миткова

Поврзани вести