Дабиќ: Македонската дипломатија го допре дното – партиски кадри наместо сериозни дипломати ја претставуваат Македонија

Политичките калкулации ја држат во раце македонската дипломатија. Наместо квалитетни луѓе, предноста да ја претставуваат Македонија во земјите ширум светот добиваат луѓе по партиска или лична линија без кредибилитет – коментира за Алфа, претседателот на дипломатскиот синдикат Зоран Дабиќ, по секс-скандалот во кој се заплетка македонскиот амбасадор во Токио Горан Цеков.

  • Ова се претставува една морална и професионална деградација во МНР, а тоа е резултат на кинднапирање на дипломатијата пред се од партиите. Сите зборуваат, не е никаква тајна дека на највисоки дипломатски позиции се испраќаат луѓе од партиска или лична линија, често без соодветни професионални квалитети и без проверка на комплетната личност. Амбасадорската позиција бара комплетни реализирани и комплетни личности бидејќи тие ја претставуваат државата 24 часа и се под око на државата во која се претставници“ вели Дабиќ за Алфа..

Предвременото повлекување на македонскиот амбасадор од Токио само е скандал кој се надоврзува во низата кои во последните години го тресат македонското министерство за надворешни работи, вели Дабиќ. Само дипломат со квалитет може да претставува државата во добро светло, во спротивно, лошата слика се пресликува и за земјата од каде што доаѓа.

  • И мислам дека партизацијата и испраќање партиски кадри, или пријатели главно на министрите, создаваат ситуација дека таквите кадри, создава ситуација дека тие се одговорни само на тие што ги испраќаат. Понекогаш како во последниот случај дури ниту тоа. Ова е краен случај кога треба да се пресече, дилпломатијата да се ресетира… Како? Со нови кадри и нов министер, бидејќи последниве двајца тотоално го доведоа до дно министерството, но и односнот на политиката која дипломатијата ја третира како политички плен.. “ вели Дабиќ за Алфа.

Од низата дипломатски скандали, јавноста се сеќава дека владиното решение Теута Арифи да биде амбасадор беше одбиено од три места. Брисел, Њујорк и Анкара се местата каде Владата планираше, но не успеа да ја испрати поранешната градоначалничка на Тетово. И Љубомир Фрчкоски, беше одбиен од САД за македонски амбасадор во Вашингтон, па се смести во Обединетите Нации во Њујорк. Покрај амбасадорските скандали и изборот на конзули не мина баш најтивко за македонската дипломатија. Изборот на Бесмира Ејупи, која важеше за блиска до тогашниот државен правобранител Фехми Стафа, предизвика бура реакции во јавноста, бидејќи на затворена владина седница таа беше предложена за позицијата генерален конзул во Њујорк, без никакво искуство во дипломатијата.

Тројца македонски дипломати беа уапсени во Србија по меѓународна потерница, поради тоа што му помагале во бегството на братот на ерменскиот претседател.

Викторија Миткова

Advertisements