Гуденус бара закон против политичкиот ислам

Шефот на пратеничкиот клуб на владејачката Слободарска партија на Австрија (ФПО) Јохан Гуденус сака до средината на идната година да се усвои закон против политичкиот ислам.

Тој истакна дека треба што побрзо да се примени коалициската програма, со која е утврдено усвојување на тој закон.

Гуденус потсети дека веќе е усвоено проширување на законот за забранети симболи, во кој се внесени повеќе симболи на Исламска држава, на Ал Каеда и на други терористички групи, како и усташки симболи.

– Мораме граѓаните, но и умерените муслимани да ги заштитиме од политичкиот ислам. Политичкиот ислам претставува нетолеранција, нетрпеливост кон жените, антисемитизам и агресија која не е потребна во Австрија и во Европа. Тоа е нешто непосакувано и така треба да биде во кривичното законодавство, посочи Гуденус.