});

Гувернерката на НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен

„Банкарскиот систем е стабилен, со висока капитализираност и адекватна ликвидност“ – посочи гувернерката на НБРМ, вчера, во студиото на „Алфа“. „Ако се спореди со предкризниот период“ – нагласи таа, „банкарскиот систем, сега се наоѓа во поповолна позиција“. Според податоците на централната банка, презентирани од гувернерката, адекватноста на капиталот на деловните банки, контиуирано се одржува на ниво на коешто е двојно повисока од законскиот минимум и во моментов изнесува околу 16%, додека ликвидноста на банкарскиот систем изнесува некаде околу 30% – учество на ликвидната во вкупната актива, којашто е повисока отколку во предкризниот период.

„Квалитетот на активата континуирано се подобрува, што може да се согледа преку индикаторот за учеството на нефункционалните побарувања во вкупните кредити, а истовремено, резервациите коишто ги двојат банките за нефункционалните кредити се повисоки“ – објасни гувернерката. Стапките на кредитен раст кај нас, во посткризниот период беа повисоки од просечните стапки во регионот и пошироко во Централна и Југоисточна Европа, а причина за тоа, според неа е здравоста на банкарскиот систем.