});

Гувернерката Ангеловска-Бежоска: Потребен е развој и на пазарите на капитал

Според гувернерката на НБРМ, за соодветно финансирање на малите и иновативни бизниси, потребен е развој и на пазарите на капитал. Во „Отворено“ на „Алфа“ таа потенцираше дека тие можат да бидат значаен дополнителен, алтернативен извор на финансиската поддршка и на бизнисите коишто немаат долга кредитна историја и биланси коишто им се неопходни на банките за проценка, за да ги кредитираат новите компании.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска апелираше дека е потребно фокусирање и вложување напори за развивање на овие пазари, бидејќи како што кажа, тие можат да бидат комплемент на финансирање на фирмите, чија финансиска поддршка не треба да се бара само кај банките. Таа потсети дека изворите за финансирање на малите и иновативни бизниси се предизвик и предмет на дебата и во рамки на Европската Унија.