Грчки амбасадор до Би-Би-Си: Во Грција нема малцинства освен малку муслимани, корегирајте се во иднина

Грчкиот амбасадор во Британија Димитрис Карамицос-Цирас прати протестно писмо до Би-Би-Си после репортажата за „Невидливото малцинство во Грција – Македонските славјани“ во која се зборува за судбините на Македонците во Егејска македонија низ годините и нивната позиција денес.

Амбасадорот пишува дека репортажата содржи историски неточности и е спротивна на Преспанскиот договор обидувајќи се да отвори „непостоечно прашање“.

„Спогодбата меѓу Атина и Скопје не препознава етникум туку националност, а во Грција освен многу малку муслимани нема други признати малцинства“, стои во писмото на амбасадорот.

„Грција го задржува правото да им се обраќа на луѓето кои припаѓаат на доминантната етничка група во соседната земја како и досега, додека пак тие имаат право на самоопределување“, додава тој.