Грчката владина коалиција во сериозна криза – Меркел притиска за договорот

Политички турбуленции во Атина – Меркел во посета, грчката Влада пред распад. Германската канцеларка веќе втор ден во Грција повикува да се даде согласност за Преспанскиот договор, ќе притиска и кај лидерот на опозицијата Мицотакис . Каменос пак се заканува дека можно е уште денеска да ја напушти Владата, ја чека разврската во македонското собрание. Додека Меркел остварува средба со грчкиот претседател-министерот за одбрана ја свика на состанок пратеничката група. Ќе почекаме додека блокадата во ФИРОМ не биде прекината, изјави Каменос за новинарите. Потоа ќе има средба со грчкиот премиер.

Во меѓувреме германската канцеларка пред средбата со претседателот Павлопулос побара од Грција храбар пристап за имплементација на решението за името. Таа веќе ја нарекува земјата Северна Македонија.

– Името Северна Македонија е јасно. Јасно е дека односите се формирани. Ќе разговарам и со господинот Мицотакис за Договорот од Преспа иако не верувам дека ќе имам многу влијание, кажа Меркел.

Мицотакис веќе некое време обвинува дека решението за името е зделка која ќе му овозможи на Ципрас да не ги намали пензиите. Иако е јасно дека Меркел нема да го убеди лидерот на грчката опозиција Мицотакис да гласа за Преспанскиот Договор – таа денеска се очекува да изврши притисок за тој да се согласи барем за приемот на Македонија во НАТО.

Во меѓувреме Каменос си ги брои пратениците – засега од неговите седуммина пратеници, 2ца ќе застанат на страна на Ципрас, ако “Независни Грци” ја напуши Владата. Ципрас пак веќе јасно кажа што планира да направи во случај на повлекување на АНЕЛ: ќе го постави прашањето за доверба на Владата. Сепак пред да бидат распишани предвремени избори во грчкиот парламентот уште овој месец планира да бидат истуркан Преспанскиот Договор.