Грчева: Да не се изненади власта, уште вечерва може да никне камп на „Бојкотирам“ пред Влада

Тоа што ни се случи пред Влада, буквално ни беше ускратеноправото да протестираме -загарантирано со Уставот, нема да заврши тука, предупредува претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева во вечерашното издание на „Отворено на Алфа“. Таа најави поставување на шатори пред зградатана Владата.

-Како можеше „Шарената револуција“ да поставува цели населби а нам без никакво објаснување да ни го одземат правото?! Дадовме куп жалби, ги известивме амбасадите во земјава, Советот на Европа, поднесовме претставка до Уставниот суд. Нема да застанеме! Нека не се чудат ако им никне уште еден камп, по принципот на „шарените“ . Ние имаме сериозна опрема, и нека не се чудат ако уште ноќва никне кампот, нагласи Грчева.

Таа изрази критика и кон т.н. даночно реформирање.

-Со ова решение и малкуте млади комјутерџии кои останаа во државата ќе ги испратиме неславно да си одат. Министерот не знаеше ниту да го образложи ова решение пред Собранието, вели Грчева.

Во однос на пописот, според неа, не е проблемот броењето на Албанци, Македонци и други етнички заедници, туку намерно е елиминирана етничката графа оти не смее да се впише „македонско државјанство“.

-Не смеат да дозволат нашите власти да оставатнекој да се изјасни овде како Македонец. Затоа нема етничка графа. Оти јужните соседи ќе се кренат жестоко. Секоја му чест на архитектот на овој проект, којго смилил ова на ваков начин, истакнува Грчева.