Грција утре ќе биде без бродови

Грчката поморска федерација од денеска на полноќ започнува 24-часовен генерален штрајк, со што бродовите ќе останат закотвени на пристаништата низ цела Грцијa.

Од Федерацијата бараат потпишување на колективни договори со екипажот на бродовите за 2019 и покачување на платите.