Грција е најчест избор за летување на море – Политиката го намали интересот за Бугарија

Грција води, а по неа се Турција и Црна Гора. Македонските граѓани и покрај економската криза и новите, повисоки цени, сепак годинава ги полнат познатите туристички центри. Од туристичките агенции велат дека се бара местио повеќе затоа што сите аранжмани што ги имаат се распродадени се до крајот на месец август. Годинава, македонските граѓани, освен за егејското или пак јадранското крајбрежје, се решиле да заминат и на поегзотични дестинации како Египет и Тунис

„Пред се, Грција останува ако дестинација која што е број еден, меѓутоа, оваа година, најголем интерес имаше за патувањата во Анталија, Египед, Бодрум и Тунис. Доста од фамилиите одлучија да заминат таму. Да уживаат после две години, кога не може да патуваат. Грција си останмува, со тоа што, оваа година доста интерес има и за Македонија. Охрид, Берово, Крушево, Маврово е полно се до средина на Август“ – Вели Елена Николовска од туристичката агенција „Стаф“ – и додава дека египет, бодрум и тунис оваа година направил бум, па се до 20ти Август нема ништо слободно.

Ниту поскапите аранжмани, но и повисоките цени и поскапувањата кои се резултат на светската криза на местата кои ги посетуваат не се толкав проблем за нашите туристи.

По две-годишните ковид ограничувања, граѓаните оваа година решија масовно да одат на летување и покрај економската криза.
Дел од оние со кои разговаравме, велат многумина се спремни и да се задолжат, но, да не ги пропуштат плажите ова лето.

Од туристичките агенции велат дека годинава цените и не се толку повисоки од предходните години, односно тие се покачени за само 5 до 10%.

„Самото тоа што немаме слободни места, што е полно, општо, од сите туристички агнеции, покжува дека цените се добри, на луѓето не им е проблем да ги платат тие пари.“ – Додава Николовска.

Празните градови и големите колони на граници се само доказ дека граѓаните годинава и покрај длабоката криза и без парица, сепак од својот буџет одвоиле и за летување.

Никола Цветкоски

Поврзани вести