Груевски останува пратеник

Педесет и осум гласа „за„ не беа доволни за Собранието да му го одземе мандатот на пратеникот Никола Груевски. За ваквата одлука неопходно беше двотретинско мнозинство од гласовите на пратениците. Против гласаа 29 пратеници. Пред гласањето претседателот Талат Џафери даде можност пратеници да се пријават за збор во врска со предлогот, но никој не сакаше.
На седницата не присуствуваа осуммината- таканаречени независни пратеници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, кои, како што најавија, и не го поддржаа одземањето на мандатот. Пред почетокот на гласањето координаторот на ВМРО ДПМНЕ, побара законот за амнестија , како закон уредно поднесен на време, по скратена постапка, да биде ставен на дневен ред. Откако и ова беше ставено на гласање, не помина.
Што се однесува до Груевски, кривичниот совет на Скопска единица најдоцна до понеделник треба да донесе одлука по жалбата на Груевски за извршување, односно одложување на затворската казна од две години. Во меѓу време одлука по жалбата треба да донесе и Врховниот суд, но таа постапка се поверојатно е дека ќе се одолговлекува а истата не го одложува извршувањето.

Искра Коровешовска