Груби ќе потроши 70 илјади евра народни пари за фестивалска журка за годишнината од Охридскиот рамковен договор

Првиот човек на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, во време на криза во секој поглед, има намера да потроши неверојатни 70 илјади евра, пари на народот, за прослава на  21-годишнината од Охридскиот Рамковен договор. Парите ќе бидат потрошени за журка на плоштадот Скендер бег под наслов  „фестивал на мирот“, на која ќе учествуваат бројни пејачи од Албанија, Косово и Македонија. Во услови на тешка енергетска и економска криза, кога самата Влада препорачува штедење, вицепремиерот Груби си дозволува да игнорира се, и најкомотно да си потроши 70 илјади евра на журка, која според него би требало да прерасне на ниво на фестивалот Егзит.

– Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија, се вели на фејсбук-страницата на Министерството.

До овој момент нема никаква реакција од премиерот Ковачевски.