НАЈНОВИ ВЕСТИ

Груби со експлозив сака да стигне до Кичево, но за од Кичево до Охрид ќе му треба „нуклеарка„ за да го заврши автопатот.

Власта уверува дека за приближно 5 години ќе го изгради коридорот 8, а безмалку 10 години не може ниту ги заврши57-те километри од автопатската делница Охрид-Кичево, која требаше да биде готова во 2018-та.И по три продолжувања и пробивања на роковите за изградба на автопатот на кој не му се гледа крајот, надлежните уверуваат дека истиот ќе бил пуштен во употреба до крајот на година, што значи за 3 месеци. Во меѓувреме,некои од фирмите изведувачи пропаднале,а се шпекулира дека експресно биле сменати и членови од надзорниот орган за изградба на патот. Охридскиот градоначалник е скептичен дека автопатот ќе биде готово најмалку за уште 2 години.

  • Првиот изнедувач беше Викторија Инвест”, фирма која пропадна при изведувањето, дали банкротира или имаше некои други финански проблеми не е ни толку битно,па беше заменета со друг изведувач.Тековно најавија некои изведувачи сосема други, меѓутоа релноста е дека таму тешко гледаме напредок.Се сеќавате на почетокот на летната сезона бевме и блокирани 2-3 недели на влезот во Охрид под изговор дека ќе се направи автопатот, а добивме 100-тина метри асфалт”-вели градоначалникот на Охрид, Пецаков

За сериозните пропусти при проектирањето на автопатската делница зборува и градоначланикот на општина Дебрца, Зоран Ногачески,на кого не му јасно како успеале да заборават да предвидат пристапни патишта за жителите од Дебрца кои немаат директен излез на автопатот,кој патем во најголениот дел минува низ Дебрца.

  • Не, јас не знам како би го пуштиле тие во употреба без пристапните патишта,бидејќи повторно ќе треба да има некаков пристап додека се направат тие пристапни патишта и повторно тоа би значело дека не е автопат во вистинска смисла на зборот.Се снаоѓаме на начин на кој се снаоѓаме,меѓутоа сето тоа е со голем ризик, со големи опасносни во одвивање на сообраќајот, сведоци сме дека имаше над 40 сообраќајни незгоди во кои имаше човечки жртви и големи матерјални штети”-вели Ногачески

Се обративме до министерството за транспорт и врски, не интересираше дали заселата од општина Дебрца ќе се обезбеди пристап на автопатот,дали ќе има ново пролонгирање на рокот за изградба на автопатот и дали иститот ќе ја надмине сумата од фантастични 600 милиони евра,но одговор не добивме.

Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски