Груби сменет од партиската функција, изборите во ДУИ ги доби скопската фракција

Без никаква дебата, за точно еден час заврши состанокот на Централниот одбор, највисокиот орган на Демократската Унија за интеграција. Артан Груби е тргнат од функцијата „организациски секретар“, а на негово место е актуелниот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, кој беше дел од фракцијата во ДУИ.

Изет Меџити останува потпретседател, Муса Џафери е член на надзорниот одбор на партијата, а Висар Ганиу во Централниот совет.

Ниту лидерот, ниту портпаролот на партијата, не дадоа конкретен одговор, дали овие кадровски промени ќе значат крај на несогласувањата со фракцијата која минатите денови најави можност за одвојување од партијата.

Али Ахмети порача дека нема незадоволство, туку менаџирање.

Другите партии малку да земат пример од ДУИ и да учат од нас – вели портпаролот на партијата Бујар Османи. Интегративците неслучајно биле најсупешната организација во регионот и затоа 20 години победувале.

Јас без да бидам нескромен би им кажал на другите партии да земаат малку да учат од ДУИ, од тоа како се прави демократија овде – преку широк консултативен процес, преку можност да се даде право секој да си го каже своето мислење па ако треба и јавно тоа да си го каже, бидејќи на тој начин најдобро институционално се канализира енергијата внатре. ДУИ неслучајно е најуспешната организација во регионот со 20 години консекутивни едно подруги победи на сите можни нивоа рече Османи.

Несогласувањата во ДУИ изминатиов период често беа поврзувани со можна реконструкција на владиниот кабинет, но на денешниот состанок  воопшто не станало збор за такви промени. Премиерот Ковачевски во повеќе наврати, уверува дека владиното мнозинство стабилно, и фалејќи се дека е на вистинската страна, ги повика сите политички партии кои го поддржуваат концептот за европска Македонија, да се приклучат кон Владата.

Состанокот на највисокото раководство на ДУИ доаѓа откако скопското крило на партијата пред три недели јавно преку писмо побара од Али Ахмети да го тргне Артан Груби, бидејќи одлучувањето во партијата станало индивидуална сопственост.

Адријана Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести