НАЈНОВИ ВЕСТИ

Груби: Секој ден ги убедуваме пратениците за Уставните измени

Вицепремиерот Aртан Груби е дециден дека на вчерашните средби со Ескобар воопшто не се разговарало за предвремени избори, туку за успешно завршување на уставните измени. Тој изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ „ќе се надмине себеси“, ќе гласа и ќе го тргне ова прашање од дневната политичка агенда затоа што тоа е во интерес на сите граѓани.

А во врска со вчерашното повторно веење на знамето на голема Aлбанија во Tетово, груби искоментира дека тоа било обид за дефокус од важните работи во државата. Тоа се обиди на мали партии, алудирајќи на Bеса, како што вели, со големи комплекси и се надева дека никој од нас, ниту граѓаните ниту институциите, ниту медиумите нема да им даделе можност преку мали гестови да стануваат големи партии.