Груби за Алфа: Аудито на комшијата не единствено, од 2008-ма сум имал 5 Аудија, сега нема логика да имам свој автомобил, кога 24 часа имам службен

Кулата од карти од карти Артан Груби почна да се руши. Зошто првиот вицепремиер од сопственик на речиси 10-тина возила, сега тврди дека останал без свој автомобил? Кој е фамозниот комшија, 35 годишниот Б.Л. кој е толку добродушен што му давал на груби да му го вози возилото вредно околу 70.000 евра? Како истиот Б.Л., станал успешен бизнисмен уште од 5 годишна возраст? За одговор на овие прашања екипата на Алфа телевизија отиде на адресата каде живее Груби и неговиот сосед Б.Л. Но веројатно кога ј забележал камерата на Алфа, на наше изненадување, таму набрзо се појави Груби. Се обиде да ја објасни нелогичноста на своето вчерашно скандалозно интервју. Не бил комшијата бизнисмен 30 години, туку неговото семејство имало бизнис меѓу 20 и 30 години. Се правда дека се возел во Аудито на својот сосед и пријател, бидејќи не му се исплатело да има свој автомобил, кога цело време го имал службениот.

-Нема логика за политичар, министер кој што се служи со службено возило да инвестира во приватно возило во четири години, губи во вредност. Ќе си купите возило од 10.000 евра да речеме и после четири години тоа кошта 3.000 евра. Која е логиката, економската логика, затоа што вие имате службено возило кое што го користете малтене 24 часа, изјави Груби.

Во обид да го релативизира целиот случај, разговорот со Груби се претвори муабет за автомобили. Вели аудито на комшијата не единственото кое го имал, се пофали дека возел уште четири автомобили од марката Ауди, има и Ситроен Ксара, а имал и Голф тројка и Сузуки Марути. А автомобилот, што го позајмувал од комшијата и не бил толку скапо како што пишувале медиумите.

-Прво лага е дека е 100.000 евра, лага е дека е 70.000 евра, половина од таа цена. Како што кажав вчера во интервјуто, јас возам Ауди од 2008-ма година, пет од тогаш сум ги сменил, не сум бил ниту во политиката. Јавноста знае дека сум работел за меѓународна заедница за многу големи плати, долги 13 години, изјави Груби.

Сакајќи да се престави како скромен политичар, човекот кој сменил речиси 10-тина автомобили, на свое име сега ја имал само Ксарата, стара 22 години, но и таа не ја вози тој, туку неговиот татко.

-Тука живее татко ми, кој што во моментов го користи Ситроенот. Ова е Ксарата да, всушност е на мое, ама татко ми ја вози, но татко ми ја вози за негови потреби. (Значи ова е едниственото возило кое првиот вицепремиер Артан Груби го има пријавено во својот анкетен лист, Ситроен Ксара, која што е вредна според она што го пишува во анкетниот лист 1.000 евра). Претпоставувам, не знам колку може да кошта, вели Груби.

Се обидовме да ги запрашаме соседите дали го познаваат 35 годишниот Б.Л., односно Бекир Лимани газда на за кој Груби кажа дека бил бизнисмен 30 години, што би значелно дека се разбирал во бизнис уште од свои 5 годиини. Најголемиот број од луѓето кога го слушнаа името на Груби и неговиот пријател не сакаа да говорат пред камера. За веселата математика со годините на Лимани, пак, груби тврди дека не мислел на бвозраста, туку на семејната традиција.

Инаку, опозицијата објави дека луксузното опожарено возило со кое се поврзува Груби е купено од градежната фирма Еуроком Лајтинг, која по цена на гарсоњера купила хотел на Попова Шапка.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста