Грозданов во „За или против“: Во судството има нарачки, затоа нема доверба

Во денешното гостување во „За или против“ на Алфа ТВ, медиумскиот аналитичар Виктор Грозданов, смета дека во македонскиот правосуден систем има нарачки, а особено за случајот за „27 април“.
Вели дека јавноста заборава која навистина е обвинителката Стефановска.
- „Заборавија за Лиле Стефановска. Кежаровски беше обвинет од Стефановска. Ги има прекршено сите правила. Купи стан од 200,000. Како ги заштедила?“ – Прашува Грозданов.
Тој смета дека не може да се приведуваат луѓе поради чувства и лична омраза, а без докази. Верува дека оние кои се обвинети за настаните од 27 април немаат врска со тоа што се случи.
- „Има нарачки. Затоа народот не верува во судството.“ – Тврди Гроздановски.
Смета дека притвор не може да се одредува на секого. Дека оние кои се обвинети за убиство, педофилија, за силување или тешки кражби заслужуваат притвор, а не и оние кои се сомничат за стопански криминал.