Грковска нема евиденција колку чинат подароците што ги добивале премиерот минстрите или функционерите кај нас

            Во Македенија никој не знае дали и кој ги дарува функционерите. Не постои евиденција за тоа, колку често директорите, министрите и градоначалниците добиваат подароци, ниту пак која е нивната вредност, потврдува министерката задолжена за добро владеење и управување, Славица Грковска, која вели дека испреплетеноста на бизнисот и политиката може да доведе до надворешни влијанија при носење на политички одлуки.

  • Имате ли созјнанија колку се највисоките подароци, пријавил ли некој функционер кај нас подарок? – Немам таква информација. До сега до нас не стигнала таква информација, ако има од работодавачите, меѓутоа, кај нас не стигнала таква информација. Заради тоа и се бара прецизно регулирање на политиките, заради тоа што, во принцип, етичкот кодекс е декларативно укажување.“ – Изјави Грковска.

            Според етичкиот кодекс на владата, функционерите не смеат да примат подароци поскапи од 20 евра, односно 1200 денари. Но, кодексот никого не обврзува подароците да се пријавуваат, ниту пак постои правилник, кај кого да се пријават. Поради ова, како и поради барањата на меѓународните институции, се очекува построго регулирање на правилата, водење регистар колку подароци примиле функционерите, како и тоа, колку тие вредат.

            Инаку, во Европската Унија, избраните и именувани функционери мора сите подароци да ги пријават, а не смеат да примат нешто што вреди повеќе од 150 евра. Во спротивно, ќе мора да се откажат од поклонот.

Никола Цветкоски

Advertisements