Грковска молчи за спортските теренчиња на руби во работните канцеларии, но и за хонорарите во Фонд за иновации

Ниту збор ниту реакција од вицепремиерката за добро владеење за спортувањето на нејзините колеги во канцеларијата на Артан Груби. Славица Грковска до сега не ги укори министрите за недоличното однесување во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Телевизија Алфа побара став од випремиерката дали планира и на кој начин да ги предупреди за поставувањето на мини фудбалски и кошаркарски теренчиња во канцелариите каде работат, а се направени и опремени со народни пари.
- „Дали вицепремиерката Грковска ќе реагира/укори колегите министри кои беа фотографирани и снимени како играат кошарка/фудбал во канцеларија односно на работното место?“ гласи нашето прашање до вицепремиерката Грковска.
Прстот во вицепремиерката Грковска го впери првата антикорупционерка Билјана Ивановска. Таа вели за секој скандал и граѓаните и медиумите бараат реакција од Антикорупциската комисија но се правда не секогаш тие можеле да отворат предмет.
- „Нивнито однесување навистина беше недолично, би рекла, и тука мислам дека треба вицепремиерката која е задолжена за добро управување, добро однесување, да си реагира. Мислам дека тоа треба да се реши таму во нивните кругови“ вели Ивановска – претседател на ДКСК.
Канцеларијата на првиот вицепремиер освен терен за спортски активности, беше и бина за музичкиот настап на лидерот на Интегратиците. Али Ахмети и роденденот го прослави во просториите од истото министерството кога во сила беа најстрогите ковид мерки.
Од друга страна, министерството со кое раководи Груби се најде во фокусот на низа скандали, меѓу кои дека од буџетот одвоиле 160 илјади евра за тајни хонорарци, за кои пишуваше БИРН, иако има над 350 вработени. Институцијата ќе стане и побогата за 10 милиони евра годишно бидејќи во просек толкав е буџетот на Агенцијата за млади и спорт која преминува под капа на Груби.
Викторија Миткова