Грковска молчи за нападот на Aртан Груби врз антикорупциската комисија
Вицепремиерката за добро владеење остана нема на расправијата меѓу нејзиниот колега Груби и антикорупциската комисија. Иако првиот вицепремиер на јавна сцена рече дека ДКСК не ги бивало, а тоа не смее да го прави, барем засега од кабинетот на Грковска нема реакција.
Алфа побара одговорот од вицепремирката дали ќе превземе нешто и зошто до сега нема никаков став, но одговор не добивме.
Отсуството на соодветна реакција на вицепремирката,дел од аналитичарите ја коментираат како проблем кој се влече низ системот.
Поранешниот пратеник Илија Димовски за Алфа вели, Груби не смеел да си дозволи да коментира работа на комисија која воопшто не одговара пред нив.
Прво не смее да го прави, бидејќи антикорупциска не влегува во системот на извршна власт, туку е избрано тело по закон и одговара исклучиво на Собранието на РМ, токму со цел да ја контролира и извршната власт, локланите власти, судските власти итн. На скалилото на поставеност на политичкиот систем на Македонија, антикорупциската е најмалку на ниво на Влада, во смисла на нејзината улога и функција која ја има, вели Илија Димовски – поранешен пратеник.
Димовски посочува дека отсуството на реакција од Грковска бил доказ дека Владата функционира исклучиво по политички-коалициони односи, а не по системски и законски. Трето, вели Димовски проблем е и тоа што Собранието не реагираше и не се стви во заштита на телото кое сами го формираа за да ја контролира владата.
Коментирајќи ја позицијата на Грковска и нејзината работа, Димовски вели таа била добар пратеник, но не и добар вицепремер, ја повикува да поднесе оставка.
Сега во обавување на оваа фукнција не остава никаков впечаток. Мојот совет до нејзе е да си поднесе оставка ден побрзо. Не оти таа е слаба во обавување на функцијата туку така се поставени политичките односи да нејзината функција е само декор во функционирање на системот. Ако сака да остави впечаток во борбата против корупцијата Славица Грковска треба да си поднесе оставка, вели Илија Димовски – поранешен пратеник.
И претходно вицепремерката Грковска остануваше нема на постапките на дел од владејачката коалиција, наместо конкретни чекори таа само упатуваше предупредувања кон највиоските ешалони на власта кои државните ресурси ги користеа за партиски цели. Покрај недостатокот на акција за Груби и неговите констатации за аноткорупциска, таа и кога ДУИ користеа слижбени возила за приватни цели не реагираше соодветно. Немаше ни конкретна реакција кога повторно од ДУИ за видео спот министрите од партијата на Ахмети си поставија фудбалски и кошаркарски теренчиња во канцеларијата која ја користи Груби, а е направена од народни пари. Тогаш таа само изјави дека тоа не било добро прифатено од јавноста.