Граѓански активисти: Владата напиша план за Охрид што ќе го прати во УНЕСКО, ама не терен ништо не се спроведува 

Се пролонгираат роковите за исполнување на препораките на Унеско за кои државата имаше дополнително време од 2 години.Сосема површно,недоволно стручно и избрзано се изработуваат документи без теренски истражувања,а во тимовите воопшто нема експерти од областа на екологијата. Во стратегиите кои се носат за охридскиот регион се удоволува на градежните апетити,се угодува на урбанистите за комерцијални потреби,а механизми на контрола и санкции,нема-невладините здруженија со силни реакции за тоа што се’ се прави додека Унеско ни дише во врат.Владата ја донесе првата Нацрт верзија на планот за рехабилитација на природното и културното наследство.

  • Значи владиното тело кое што го изработува овој стратегиски план за рехабилитација на охридскиот регион кој што план ќе го прати во Унеско како документ дека ево нешто е превземено, а всушност на лице место во пракса не е ништо превземено ,дури уште повеќе е влошена ситуацијата.Уште повеќе имаме изградено на диво објекти и понатака се продолжува со градење на висококатници или во централново гратско подрачје или објекти приватни во националниот парк Галичица вели Никола Киселинов-граѓански активист.
  • ОХРИД СОС : Сè на сè, гледаме бирократски документ кој е нејасно како ќе се спроведе, зошто воопшто би се спровел кога ја следи истата матрица на слични документи со истите играчи и истите недефинирани мерки. Нашите коментари поднесени на 17.3 2022ра до министерството за животна средина исчезнаа! Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион има огромни недостатоци.

Државата имаше доволно време да исполни една од клучните препораки на УНЕСКО за стопирање на урбанизацијата во охридскиор регион.

  • Фронт 21/42: Од август 2021-ва до сега се преземени чекори кон 53 нови урбанизации во Охрид и Струга.388 одлуки за легализација во Охрид, а 12 во Струга. Вкупен број на дозволи за градба во двата града 213 и нови 580 изградени станови.Доколку државата продолжи со овој третман и меѓународната заедница не се вклучи поактивно во заштитата на Охридскиот Регион, со сигурност можеме да кажеме дека ќе го изгубиме нашето единствено Светско природно и културно наследство.

Од август 2021-ва институциите го повампирија стариот закон за постапување со бесправно изградени објекти,кој дозволува легализација на објекти на 50 м од брегот и не содржи никакви клаузули кои ќе гарантираат заштита на светското наследство-реагираат екологистите.

Росица Голабоска 

Advertisements