Граѓанска непослушност – ќе запре ли спорната доградба на џамијата во Охрид?

Од здружението на граѓани „Совест” најавуваат граѓанска непослушност и масовен протест доколу најдоцна до в понеделник од надлежните институции не одговорат што се прави на Али пашината џамија? Колку време им треба велат, да реагираат на ова насилие кое се врши врз Охрид,потсетувајќи дека иако Управата за заштита на културно наследство лани издаде решение за стопирање на градежните работи, таму три години непречено се гради.

Се обратиле и до премиерот кој ги уверувал дека тоа што се градело на Али пашина не било минарето, иако како што велат, на очиглед на целата јавност, во џамијата и понатаму се превземаат незаконски градежни работи.

И покрај сите наши укажувања, дописи до сите надлежни институции, претставки до Јавното обвинителство, минарето продолжува да се гради – истакнуваат од „Совест“.

Росица Голабоска